Кремљ има оптимизам за руската позиција во Украина, вели портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, кој пред медиумите не сакал да даде коментар или анализа за војната во Украина како успешна.
„Ние во целост сме оптимистични“, рекол Песков на брифинг со новинарите. Тој сепак не сакал да даде детали за она што во моментов се случува.
Рускиот претседател Владимир Путин пак, ја најави војната на 24 февруари, што пред своите граѓани го правдаше како одговор на барањето на Донбас за независност. Путин тогаш кажа дека Москва не планирала окупација на украинска територија, туку дека се работи за демилитаризација на Украина.