Ден

Песков: Русија никогаш не претставувала закана за Финска и Шведска

Русија никогаш не претставувала закана за Финска или Шведска, изјави портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков.

– Сакам само да ве потсетам на изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека Русија никогаш не претставувала никаква закана за Финска или Шведска, исто како што овие земји не претставуваат никаква закана за нас. Претседателот Путин го изјави ова неколку пати, истакна Песко пред новинарите, јави ТАСС.

На 18 мај, амбасадорите на Финска и Шведска во НАТО, Клаус Корхонен и Аксел Вернхоф, ги доставија барањата на нивните земји за членство во НАТО до генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

Поврзано

Двајца Македонци исчезнаа на Халкидики – ги повлекла струја кај „плажата која никогаш не е иста“

Elena

Од денеска повеќе сонце, а помалку дожд

Elena

Малолетен пешак тешко повреден во сообраќајка

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com