Ден

ПОЦ казни скоро 200 возачи за една недела

Изминатата недела биле санкционирани 195 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар, информираат од ЈП „Паркинзи на општина Центар“.

-Во периодот од 30.05. до 05.06.2022 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 112 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 83 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, е наведено во соопштението.

ЈП ПОЦ и Општина Центар порачуваат учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила со цел одржување на ред и безбедноста на улиците.

Поврзано

Без вода утре неколку улици во Центар и Чаир

admin

Јотова: Палењето на „Ванчо Михајлов е провокација и дел од антибугарската кампања

admin

Тешка сообраќајка во Охрид, еден загинат

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com