Ден

Реализирана акцијата ,,За поубаво Пехчево”

Во Пехчево реализирана акцијата „За поубаво Пехчево”, која беше организирана од страна на Советот по повод Светскиот ден за заштита на животната средина.

– Во рамки на акцијата за чистење на централното градско подрачје се вклучија вработени во Општина Пехчево, сите општински институции и јавни претпријатија. Со оваа aкција сакаме да придонесеме за подигнување на јавната свест кај сите нас, за позитивно да влијаеме кон зачувување и заштита на животната средина, информираа од општината.

Во рамки денешниот ден, како што посочија, засадени се и цвеќиња на повеќе локации во градот.

– Хортикултурно го уредивме влезот на Пехчево со засадување на повеќе видови украсни цвеќиња. Приликата ја користиме да искажеме огромна благодарност до сите кои се вклучија во акцијата која беше организирана по повод 5-ти Јуни – Светскиот ден за заштита на животната средина, додадоа организаторите на акцијата.

Поврзано

Ковачевски, Рама и Вучиќ на последни разговори, дали ќе заминат на Самитот на ЕУ

admin

Тешка сообраќајка во близина на Негорци, еден од учесниците избегал

Elena

(ВИДЕО ИНТЕРВЈУ) Грлиќ – Радман: Да се почне со преговори, прашањата да се решаваат паралелно

admin
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com