Ден

Се менува тарифниот модел за струја – ова се предлозите на РКЕ

РКЕ предложи промена на тарифниот систем за наплата на струја, во зависност од големината на потрошувачот. Новиот правилник е направен од страна на експерти од факултетот за електротехника и од машинскиот факултет. Со него се предвидува скалесто тарифирање, за да се обезбеди фер услуга за сите граѓани.

– Потрошувачите ќе бидат поделени во четири блокови, во првиот блок се потрошувачи кои трошат до 210 киловатчасови енергија, во втор блок се потрошувачи кои трошат до 420 киловатчасови, потоа во трет блок од 420 до 630 киловатчасови, додека во четвртата категорија се најголемите потрошувачи кои трошат над 630 киловатчасови енергија. Дополнително со новиот тарифен модел ќе се читаат броилата на 35 дена, за да нема сомнеж дека на некој му бил наплатен поголема сума ако пресметките влезат во следниот месец – објасни претседателот на Регулаторна, Марко Бислимоски.

Тој дополни дека кај 87 проценти од домаќинствата во зимските месеци ќе имаат намалени трошоци, но кај останатите, кои се големи потрошувачи ќе има зголемување на сметките. Во исто време, во летниот период се очекува кај 92 отсто од потрошувачите да има намалена потрошувачка и намалени сметки, додека пак кај останатите зголемена сума.

Бислимовски нагласува дека со овој пристап не се решаваат сите проблеми кои се појавија во сектор енергетика, но може да се обезбеди поголема транспарентност во изготвување на сметките и имање увид во потрошувачката во секое домаќинство.

Поврзано

Ковачевски: Проширувањето на ЕУ требаше да биде процес кој се заснова на заслуги

admin

Мицкоски: Интерпелација за Џафери следната недела, немам илузија дека ќе помине

admin

Уставен суд го одби барањето на Панчевски

admin
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com