Ден

Тешка сообраќајка во близина на Негорци, еден од учесниците избегал

На 05.06.2022 година во 13.10 часот на автопатот А-1, во правец од с.Прдејци, гевгелиско, кон бензинска пумпа кај надвозник Негорци, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило кое го напуштило местото на несреќата, патничко возило „фолксваген голф“, со гевгелиски регистерски ознаки, управувано од М.Ќ.(30) од с.Прдејци, патничко возило „форд фиеста“, со српски национални ознаки, управувано од М.Б. (68) од Република Србија и товарно возило „цитроен“, со гевгелиски регистерски ознаки, управувано од Р.Ј. (27) од Гевгелија.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ќ., возач на возилото „фолксваген голф“, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото на несреќата извршила екипа на Одделението за внатрешни работи Гевгелија.

 

Поврзано

ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да го задржи седиштето и преку Стразбур

admin

Поддршка на социјалните претпријатија преку следење на принципот- “Не оставај никој зад себе”

admin

Денот кој сите го чекавме: СПЦ ја призна автокефалноста на МПЦ-ОА

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com