Ден

539 санкционирани возачи на мотоцикли, 15 мотоцикли одземени

Во периодот од 30.05.2022 до 05.06.2022 спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 539 возачи. Од нив, 340 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 121 возеле без возачка дозвола, 15 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Поврзано

АНА-МПА: Албанската Влада поддржува ново обновување на Договорот за пријателство и соработка со Грција

admin

Злоупотреба на субвенциите за земјоделство, најава на промена на моделот за субвенционирање

Elena

Некој истурил цело тенџере шпагети преку тераса во зграда на „Рузвелтова“

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com