Ден

Алабаковски го запалил клубот „Ванчо Михајлов“ како реакција на распродавање на државни интереси, смета ВМРО-ДПМНЕ

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека палењето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола од страна на пејачот Ламбе Алабаковски е реакција на според нив, „акцијата на власта поврзана со распродавањето на државните и национални интереси“. Сепак, велат од партијата, тие не поддржуваат никаков вид на насилство и сметаат дека тоа не е одговор на проблемите.

„Таквата распродажба на националните интереси, дозволувањето и патронатството на провокации сервирани од источниот сосед, од страна на Владата на Македонија предизвикува кај голем број на граѓани фрустрација и бес. Во време кога се уште нема одговор каде се парите од Рекетот, во време кога се дозволи Ден Дончев да избега со туце пари кои ги зема како мито, кога Рашковски и Зекири се осомничени за огромни злоупотреби, кога нема виновни за горењето на пациентите во модуларната болница во Тетово, нема одговорност за несреќите во Ласкарци и Бугарија, кога Спасовски не одговара за нелегални пасоши издадени на белосветски мафијаши, спроведувањето на закон врз сторител на инцидент во Битола е замачкување на очите на јавноста за да се дефокусира вниманието од колективна неправда, срушениот правен систем и економската катастрофа во која живее народот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од Левица пак, со став – Денешната објава за експресно апсење на лицето кое го запали клубот е потврда дека власта била во служба на бугарски неоврховизам.

„Денешната објава за експресно апсење на лицето кое го запали клубот, што го носи името на фашистот Ванчо Михајлов, само потврди дека власта на СДСМ и ДУИ е во целосна служба на бугарскиот неоврховизам. Потсетуваме дека Левица пред еден месец поднесе кривична пријава против претседателот на здружението „Ванчо Михајлов”, поради „излагање на подбив на македонскиот народ“ и „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“. За оваа кривична пријава, сè уште нема никаков одговор дали е поведена некаква постапка“, велат од опозициската партија.

Според нив, повеќе од месец дена во Битола незаконски и скандалозно функционира клуб кој го носи името на џелатот на македонската кауза.

„Во услови кога институциите на системот затајуваат да ги заштитат националните и државните интереси, целосно оправдан е потегот на веќе приведениот Ламбе Аламбаковски. Секоја друга пресуда, освен ослободителна, ќе претставува анти-државнички чин и напад врз македонската државотворност, конституирана во АСНОМ! Од тие причини, Левица ќе стапи во контакт со адвокатите кои ќе го застапуваат Аламбаковски и ќе се понуди да ги покрие трошоците на одбраната“, соопштуваат од Левица.

Поврзано

Пендаровски: Помалку изборни единици со минимален или без праг и отворени листи

admin

Заедничка литургија на МПЦ и СПЦ во Соборниот храм: Ден кој испишува нова историја

Elena

МВР со детали за трагичната сообраќајка на скопска Обиколница

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com