Ден

Германската полиција користи контроверзен американски софтвер, пишува ДВ

Контроверзниот американски софтвер Палантир станува сè попопуларен меѓу полициските служби во Германија, а според истражувањето на Баварската јавна служба и покраината Баден-Виртемберг, за воведување на софтверот заинтересирани се и Бремен и Хамбург.

Палантир од претходно го користат полицијата во Северна Рајна-Вестфалија и Хесен, а договорот со американската компанија го потпиша и покраинскиот оддел за криминалистичка истрага на Баварија.

Договорот предвидува сите други полициски служби во Германија, вклучително и федералните, да можат да го користат софтверот, пишува Дојче веле.

Овој софтвер за анализа на податоци треба да ѝ олесни на полицијата да поврзува различни бази на податоци.

Правникот Јирген Беринг, кој е специјализиран за заштита на податоците во Друштвото за право на слобода, остро го критикуваше договорот потпишан од Баварија.

– Најголемиот проблем е што ова ја зајакнува пазарната позиција на Палантир на германскиот пазар. Всушност, тендерите треба да обезбедат конкуренција и да спречат создавање зависност. Но, овде со договорот се зацврстува зависноста на службите од Палантир, рече тој.

Спорниот софтвер всушност поврзува бази на податоци на полицијата и други институции, како што се регистарот за поседување оружје, катастарот или регистрите на канцеларијата за странци. Може да се внесат и податоци за летови на некои лица.

Според баварското Министерство за полиција, софтверот собира податоци, но ги анализираат луѓе.

– Софтверот нема да носи свои заклучоци, хипотези или веројатности, тврдат во Минхен.

Поврзано

АНА-МПА: Албанската Влада поддржува ново обновување на Договорот за пријателство и соработка со Грција

admin

По подолго време поевтинуваат горивата

Elena

Вучиќ: Доста ми е од молење за приклучување, Отворен Балкан носи корист на сите

admin
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com