Постои долга листа на нешта кои луѓето ги знаат за заштитата на кожата на целото тело од надворешните влијанија.
Она што малкумина го знаат е дека топлината од фенот може да влијае врз микрооштетувањата на кожата на скалпот. Но, добра вест е дека и нејзе можете да ја заштитите.
Феновите емитираат зрачења од широк спектар, кои заедно со топлината може да предизвикаат создавање на првут, лупење на кожата, па дури и посериозни оштетувања, па затоа е потребно да ја заштитите. Оваа појава е почеста кај луѓето со потемен тен и може да резултира со хиперпигментација.
За да можете да ја намалите штетата, потребно е да ја најдете соодветната козметика за коса, дури и ако тоа ве чини повеќе пари. Внимавајте вашиот шампон да содржи што помалку силикон. Можете да одберете мицеларен шампон, кој нуди понапредна форма на чистење на темето и косата, како и препрарати богати со витамин Ц.
Исто така, важен е и редоследот по кој ги нанесувате производите за нега. Откако ќе ја измиете косата, додека уште е мокра, вмасирајте го заштитниот серум или кремата во коренот, а потоа сушете со фен.
На овој начин ќе ја сведете штетата што може да настане на минимум.