Ден

Познат македонски пејач го предизвикал пожарот во клубот „Ванчо Михајлов“?

МВР извести дека е уапсено 34-годишно лице од Битола, со иницијали Л.А., кај кое се пронајдени предмети кои укажуваат дека го извршил делото опожарување на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“.

-Со задоволство можам да обзнанам брза и ефективна разрешница на случајот од пред три дена (04.06.2022) со кривично-правниот настан – пожар во центарот „Иван Михајлов“ во Битола, кој е веќе расчистен и имаме приведено лице кое го призна делото. Се работеше деноноќно да се изнајде сторителот, се земаа предвид сите докази, а по извршените службени разговори во изминатите денови, вчеравечер, со судска наредба, беше извршен претрес на две локации кои ги користи Л.А.(34) од Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело, по што лицето е лишено од слобода. Уште еднаш покажавме дека единствената моќ што ја има секоја правна држава е моќта да го сузбие криминалот. И во овој сегмент нема „пардон“, нема заштитени лица – сите се еднакви пред лицето на законот, а секој којшто се огрешил – мора да одговара! – извести министерот Спасовски.

Неофицијално Слободен Печат дознава дека пироманот е всушност некогашниот победник на М2-потрага по таленти и пејач кој некогаш беше идол на младите генерации – Ламбе Алабаковски. Неодамна Ламбе се врати во Македонија со своето семејство.

Инаку, пејачот беше најавен дека ќе настапи на мега концертот на „Меморија“ во сабота како специјален гостин.

 

Поврзано

(ВИДЕО ИНТЕРВЈУ) Грлиќ – Радман: Да се почне со преговори, прашањата да се решаваат паралелно

admin

Преговорите со ЕУ се отворени!

Elena

Шаќири: Трите регионални центри за стручно образование и обука прераснуваат во центри на ексклузивност за образување кадри

admin
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com