Ден

Арчи и Лилибет ја имаат „бојата“ на Хари – за инает на сите оние кои беа загрижени околу тоа

Во интервјуто кај Опра, принцот Хари и Меган Маркл открија информации дека членови од кралското семејство често биле загрижени околу тоа каква ќе биде бојата на кожата на нивните деца. Меган има мешано потекло, а нејзината мајка е Афро-американка, додека татко ѝ Томас е белец.

Во кралското семејство имало многу случаи во кои принцови се венчавале со жени кои „не се според стандардите“. Па така, чичкото на кралицата Елизабета се повлекол од тронот за да се ожени со жена која двапати била разведена, па така кралот Џорџ (нејзиниот татко) станал монарх.

Слично било и со принцот Чарлс и неговата врска со Камила. Тие денеска сепак се заедно, а можеше многу трагедии да се избегнат, ако кралицата дозволеше тој да се венча со својата љубов. Но, тогаш кралската линија ќе беше далеку поинаква и веројатно, немаше да има контроверзии околу изборот на Хари, кој и самиот физички не личи многу на своите роднини од кралското семејство, туку на семејството на принцезата Дијана.

Неговите деца, Арчи Харисон и Лилибет Дијана, иако се со мешано потекло, сепак и двете личат на Хари и ја имаат наследено специфичната црвена боја на косата и блед тен со пеги на лицето.

Како и самите, за инает, да сакале да им го „дотераат“ паметот на членовите на семејството кои биле загрижени околу нивниот физички изглед.

Иако никогаш не се дозна кој всушнсот коментирал такво нешто, сомнежите често се насочени кон Камила, сопругата на Чарлс, или пак кој принцезата Ен, ќерка на кралицата Елизабета.

Поврзано

Ќерката на Чолиќ украла 20.000 евра, а причината ќе ве остави без зборови

Elena

Наташа се разголе во Тетово, друштво ѝ правеше и еден Македонец

Elena

Македонка причина за разделбата на Шакира и Пике?

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com