Судот го конфискува белата палата на ВМРО-ДПМНЕ, одлучи судијката Даниела Алексовска Стојановска, која го водеше случајот Талир 2.
За екс премиерот Никола Груевски, пресудена е затворска казна од 6 години, додека пак за екс генералниот секретар на партијата, пресудена е алтернативна мерка, условна осуда според којаако во рок од 5 години стори кривично дело, ќе одлежи двегодишна затворска казна.
Судијката посочи дека и покрај тоа што Божиновски знаел дека согласно закон, партиите се непрофитни, тој го склучил договорот со Бетон, а по што никнала партиската зграда вредна 7.5 милиони евра.
Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ според судијката, било градено по желбите на Груевски, а согласно ДУП кој бил изгласан откако паднал договорот за градба.
Пресудата доаѓа по 56 одржани рочишта и едно почнување од почеток на целиот предмет. Во случајот, освен материјални докази имаше и 17 сведоци на Обвинителството и 23 на одбраната, од кои 7 беа заеднички сведоци на двете страни.