ЈСП „Скопје“ информира дека поради верскиот празник Задушница, в петок автобусите ќе сообраќаат по саботен возен ред.
В петок, сабота и недела на автобуските линиите со број 59 (Карпош3-Кучевишка бара-Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче-Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода-Гробишта Бутел) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси.
Распоредот на возниот ред е достапен на веб-страницата на ЈСП Скопје.
Што се однесува на начинот на сообраќање од понеделник, претпријатието известува дека поради завршувањето на учебната година 2021/2022, од понеделник автобусите ќе сообраќаат по летен возен ред, а ученичките бесплатни билети нема да важат за време на летниот распуст.
Бесплатните билети на учениците од основните училишта ќе важат до 10 јуни, а на средношколците до 20 јуни 2022 година.
– Основците/средношколците (не важи за средношколците кои сега завршуваат четврта година) по повластени цени можат да купат месечен билет за јули или август по цена од 600 денари (за еден месец), се вели во соопштението од ЈСП „Скопје“.
За купување т.н. сезонски билет за ученици, неопходно е лицето да приложи потврда дека е ученик и да достави ученичка книшка на увид.