Ден

Пронајдено мртво тело во Ново Село

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица изврши увид во местото викано Ореш, во атарот на струмичко Ново Село, каде ноќеска беше пронајдено безживотно тело на починато машко лице, соопштија од ОЈО Струмица.

– Според првичните сознанија, кај лицето настапила насилна смрт. По наредба на јавниот обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција со цел да се утврдат точните причини за смртта. Од лице место се прибрани траги и материјални докази за кои е издадена наредба за вештачење, а се преземаат и други дејствија за откривање на сторители, информираат од струмичкото Обвинителство.

Поврзано

ПОЦ казни скоро 200 возачи за една недела

Elena

Собранието нема имотен лист ниту за зградата, ниту за земјиштето

admin

Приведени 3 лица за предизвикување на општа опасност, одредена мерка притвор

admin
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com