Ден

Јакимовски: Ја прекинувам коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Карпош!

Лидерот на ГРОМ, градоначалникот на Општина Карпош Стефче Јакимовски, се налути и ја прекина коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во општината, поради како што рече притисоци, подметнувања и нарачки од еден центар.

-По 99 месеци коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, морам да соопштам дека повеќе таа коалиција не може да опстои овде во Општина Карпош. Затоа што јас како градоначалник со моите години, и со моето искуство, и со мојот карактер, не можам да дозволам повеќе некој да се поигрува и со мене, и со Советот на Општина Карпош, но и со интересите на граѓаните на Карпош во кои што влегуваат и обични граѓани, и стопанственици, и богати и сиромашни, и од различни етнички заедници. затоа карпош и јас мораме да им се спротивстваиме на опструкциите, мораме да им се спротивставиме на командите од еден центар, мораме да му се спротивставиме на шпицен-градоначалникот – истакна првиот човек на Карпош Стефче Јакимовски.

Поврзано

Утрово за влез во Грција се чека по половина час

admin

Принудувале девојка со ментална попреченост да се проституира: Првоосомничени се мајката и сестрата

Elena

Османи: Проширувањето на ЕУ со земјите од Западниот Балкан e инвестиција во стабилноста и безбедноста

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com