Ден

Абрахам: Шолц да ја притисне Бугарија за да се тргне ветото

Веродостојноста на процесот на проширување на ЕУ и мотивацијата на Западниот Балкан за такво нешто може да се вратат со почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, вели германскиот пратеник и член на Комисијата за надворешна политика на Бундестагот од редовите на ЦДУ, Кнут Абрахам, во разговор за Дојче веле.

Осврнувајќи се на претстојната посета на германскиот канцелар Олаф Шолц на Скопје и Софија, во обид да издејствува решение за спорот меѓу двете земји и почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ, Абрахам смета дека притисокот мора да се насочи кон Бугарија.

– Мораме да извршиме огромен притисок врз пријателите во Софија и да им укажеме дека билатералните прашања, како што е македонско-бугарскиот проблем, не смеат да го блокираат целиот процес на проширување на Западниот Балкан, вели Абрахам.

ЕУ и Германија, според него, имаат механизми да ја натераат Бугарија да го тргне ветото.

– Тука мислам на очекувањата на бугарската Влада од ЕУ, но и билатералните очекувања, и ние мора тоа да го искористиме за да им ставиме јасно до знаење на пријателите во Софија, дека овој проблем е таков, што мора да се решава на билатерално, а не на европско ниво, вели Абрахам.

Тој смета дека на сите земји-кандидати за членство во ЕУ треба да им се даде можност за поблиска интеграција, во прв ред економска, со Унијата уште пред да станат членки. Коментирајќи ја таквата идеја на францускиот претседател Емануел Макрон, Абрахам вели дека поентата не е тие земји да останат надвор од ЕУ, туку економската асоцијација да биде еден од чекорите кон полноправно членство.

– За нас во ЕУ е важно да разгледуваме модели во кои државите ќе усвојуваат делови од европското законодавство, особено за внатрешниот пазар, и на тој начин ќе можат да имаат корист од економските предности на Европа без да бидат полноправни членки. Таквото поврзување или членство во внатрешниот пазар е чекор кон полноправно членство, а не замена за полноправното членство, вели Кнут Абрахам.

Поврзано

Летонија ги забрани сите ТВ канали со седиште во Русија

admin

Големи штети од невремето во Неготино

Elena

Откако добил пресуда за семејно насилство, скопјанец повторно ја давел и тепал жртвата

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com