Министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска пред БТВ изјави дека во текот на денот до Собранието ќе ја депонира оставката откако дознала дека премиерот Кирил Петков водел паралелни преговори за тоа како да падне ветото за Македонија.
На овие средби како што вели таа Петков со европски лидери разговарал како да се заобиколи бугарското вето за Република Северна Македонија.
„Министерството за надворешни работи е совршена институција. По секоја средба има стенограми. Тие според содржината имаат различна класификација и по потреба може да се покажат“, рече Генчовска.
„Надворешната политика не треба да зависи од политичките партии“, рече Теодора Генчовска.