Ден

Повредено дете во луна парк во Куманово

Метална шипка паднала врз дете од Куманово додека се возелo на рингишпил во луна парк на булеварот „Октомвриска револуција”, соопшти денеска СВР Kуманово. Настанот во полицијата го пријавил таткото на детето, завчера околу 22.30 часот.

– Б.Д.(49) од Куманово пријавил дека околу 19.30 часот во луна парк на булеварот „Октомвриска револуција“, додека неговиот малолетен син бил на рингишил, паднала метална шипка и го повредила, соопшти СВР Куманово.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Поврзано

Повторно РКЕ ќе носи одлука за цената на горивата

Elena

Уставните судии ја одбија иницијативата на Зендели на Левица

admin

Русија исклучена од советот за човекови права во ОН со 94 гласа „за“

admin
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com