Ден

Беше заложник на сопственото семејство: Бритни сега е слободна, а тоа го покажа на својата венчавка

Бритни Спирс, иако одамна е возрасна жена, со години беше под старателство на своите татко и помлада сестра. Многумина сметаа дека се работи за заложништво и дека пејачката е „заробена“, без никакво право да го користи стекнатото богатство од кариерата.

Сепак, Бритни е сега слободна да прави што сака, а ни покажа дека умее добро да се забавува и тоа на својата венчавка со новото момче Сем, во Лос Анџелес.

На церемонијата присуствуваа и Мадона, Селена Гомез, Дру Баримур, Донатела Версаче, но и Парис Хилтон. Венчаницата е дизајн со потпис на Версаче, а исто и сите други модни комбинации кои Бритни ги облече во текот на вечерта.

За време на забавата пејачката размени бакнеж со поп-дивата Мадона, како потсетување на нивниот заеднички настап пред речиси две децении, заедно со Кристина Агилера.

Сем остана покрај Бритни за време на целата правна битка против нејзиното семејство.

Поврзано

Откријте какви ќе бидете во староста, според вашиот хороскопски знак

Elena

Македонка причина за разделбата на Шакира и Пике?

Elena

Се продава куќата во која заедно живееја Џони Деп и Амбер Херд

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com