Ден

Големи штети од невремето во Неготино

Најголеми штети од невремето што вчера попладне го зафати неготинско, според првичните податоци од терен, има во месностите ,,Калдрма”, ,,Скрка”, ,,Бутче”, ,,Црно поле”. Ова го изјави денеска за МИА, градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов.

– Земјоделците секогаш ја имаат поддршката од Општината, така е и овојпат. Почитувајќи ги законските одредби, ќе го направиме тоа што е во нашите надлежности. Ќе се излезе во увид на лице место, со цел да се утврди во кои месности има оштетувања и колкав е процентот на штетите, дециден беше Стојанов.

Општина Неготино вчера попладне беше зафатена од силно невреме проследено со пороен дожд и врнежи од град.

Според земјоделците, оштетувања има кај повеќе земјоделски култури. Тие велат дека на некои места, штетите се стопроцентни. Овие фотографии се направени во месностите ,,Калдрма” и ,,Тимјаничка цуцка”.

Поврзано

Француски предлог за кревање на ветото: Скопје и Софија бараат гаранции од ЕУ

admin

ССМ и денеска на протест пред Собранието

Elena

Момче од Македонија се удави во Црна Гора

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com