Многумина ќе се согласат дека полувремето на Супербол од 2020, кога настапија Џенифер Лопез и Шакира е легендарно и едно од најдобрите во историјата на НФЛ.
Сепак, Џеј Ло не била задоволна од фактот дека ќе треба да ја дели сцената со Шакира. Таа била навредена бидејќи не добила простор самата да го реализира шоуто. Во својот нов документарец, Џенифер ја нарече идејата „најлоша на светот“.
Даа била бесна на НФЛ, бидејќи секое шоу трае околу 12 минути, што ѝ дава на секоја пејачка по само 6 минути. Џеј Ло се почувствувала како на танцова ревија. Ниту Шакира не била среќна поради шоуто, но сепак двете ѕвезди професионално го одработиле својот дел.