Ден

Колера и дизентерија се појавија во Мариупол

Во Мариупол избувна епидемија на колера и дизентерија, изјави градоначалникот Вадим Бојченко и предупреди дека илјадници луѓе би можеле да заболат од колера и други смртоносни болести додека има тела на улица, а летото носи потопло време.

Бојченко тврди дека бунарите се загадени со телата на загинатите за време на неколкунеделното руско бомбардирање и опсада и оти руските сили бавно ги собираат телата.

– Има епидемија на дизентерија и колера, рече Бојченко, додавајќи дека проценката на украинските лекари е дека со избивањето на инфекцијата ќе умрат уште илјадници граѓани на Мариупол.

Тој ги повика Обединетите нации и Меѓународниот комитет на Црвениот крст да формираат хуманитарен коридор кој ќе им помогне на граѓаните да го напуштат градот.

Поврзано

Вучиќ незадоволен од забраната за летот на Лавров, се сретнал со рускиот амбасадор во Белград

admin

Доживотен затвор за руски војник кој усмртил цивил во Украина

admin

Пукање во основно училиште во Тексас: Убиени најмалу 19 ученици

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com