Ден

Ужас во Гиновце: Го убил братот и го закопал во двор

Брат го убил брата си и го закопал во дворот од семејната куќа во селото Гиновце, општина Ранковце.

Според информациите од портпаролот на СВР Куманово Ивана Младеновска, сторителот бил лишен од слобода во текот на вчерашниот ден, откако во Министерството за внатрешни работи била примена дојава.

-Во текот на вчерашниот ден, во 15:15 часот во село Гиновце, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода четириесетгодишниот Ф.А. од селото Гиновце, Општина Ранковце, постапувајќи по пријава добиена во 14:30 часот, според која тој пред неколку недели, по претходна расправија, го усмртил неговиот брат, дваесет годишниот С.Џ. од истото село и го закопал во дворот од семејната куќа, информира Младеновска.

Полициски службеници од Полициско одделение Ранковце излегле на местото, а Ф.А. бил приведен во полициска станица и при извршен службен разговор го признал делото.

Од страна на Јавен обвинител, полициска екипа, претставници од Институт за судска медицина и од Центарот за социјални работи извршен е увид, телото е пронајдено и по насока на обвинител предадено за обдукција. По целосно расчистување на случајот против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава.

Поврзано

Гутереш: Колку побрзо заврши војната, толку ќе биде подобро за сите

admin

Условна казна за Вангеловски, за намерна исплата на помала плата на судијка

admin

Дизелот и бензинот ги изедначија цените – еве каква ќе биде состојбата по полноќ

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com