Ден

Финска сака да гради ѕид на границата со Русија

Финска планира да изгради нови посилни огради на некои делови од границата со Русија, во очекување на „хибридни напади“ од Русија по кандидатурата на земјата за членство во НАТО.

Плашејќи се дека Москва би можела да ги искористи мигрантите за политички притисок, Хелсинки вчера поднесе предлог-закон за зајакнување на оградите на некои делови од 1.300-километарската граница со Русија. Се очекува проектот да се реализира во најкраток можен рок.

Финска, која аплицираше за влез во НАТО, стравува од „хибридни одмазднички мерки“ како што се кибер-напади или невоени операции за дестабилизација.

– Целта на овој предлог-закон е да се подобри оперативниот капацитет на граничарите како одговор на хибридните закани, изјави Ен Иханус, советничка во Министерството за внатрешни работи.

– Ова прашање стана итно поради војната во Украина, рече таа.

Поврзано

Зеленски потпиша указ за санкции против Путин

Elena

Ковид-19 беснее на грчките острови, 50% од тестовите се позитивни

Elena

Колера и дизентерија се појавија во Мариупол

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com