Нов конфликт на балканската естрада. Јелена Карлеуша и Аца Лукас одамна „не се мирисаат“, но овојпат причина за нивниот нов конфликт се пејачките Ана Николиќ и Милица Павловиќ.
Имено, Ана снимила демо верзија на песна, која се нашла на албумот на Милица, а Аца смета дека песната требало да остане кај Ана. Тој дури и објавил инсерт од изведбата на Ана кај себе на Инстаграм, што ја налути неговата поранешна другарка Јелена Карлеуша.
На тоа, таа одговори во свој стил:
„Некогаш познатиот ‘пејач’ сега не може ни да зборува поради кокаинот и оштетувањата на мозокот поради злоупотреба на супстанци. А не па да пее. Но знае да сере и да пишува глупости и да се расправа со жени. Е па јас малку подобро пејам и пишувам и малку подобро ми работи мозокот. Така – вие збирштина од наркомани, не ја серете Милица и оставете ги неа и нејзината песна на мира. Не ме лутете, бидејќи не може мене да ме рекетирате како неа. Како не ви е срам? Стари будали. Лесно е да покажувате сила над послабите, нели?“, напиша таа, како одговор на сторито на Аца, кое гласи:
„Познатата ‘пејачка“ крена глас за крадење песни. Мора секогаш да морализира, наместо да научи да пее. Ама не оди тоа така лесно“.
Секако, не остана должен ни после нејзината „прозивка“:
По што, се огласи и Јелена, како и секогаш:
И секако, драмата продолжи и понатаму:
А Јелена одговори: