Ден

Наоми Кемпбел навредена од Бугарите: Познатиот модел доживеа голема непријатност

Наоми Кемпбел била многу возбудена кога пристигнала во Бугарија и требало да замине во снимање во Софија.

Но, на самиот аеродром од неа било побарано да се тргне настрана и да биде целосно претресена. Ова се случило пред речиси цел месец, но Наоми била толку вознемирена, што досега не прозборела за ова искуство.

Таа смета дека луѓето кои работеле на аеродромот биле расисти и дека била избрана за претрес само поради бојата на кожата.

Сепак, ова не е изолиран инцидент во кој е вмешана познатата манекенка и нејзиното однесување на аеродромите. Таа во Лондон била спречена да влезе во авионот поради тоа што рачниот багаж бил двојно потежок од дозволеното. И во таа ситуација Наоми се обидела да се повикува на расизам.

Други детали околу инцидентот во Бугарија засега нема.

Поврзано

Кои се најголемите стравови на секој хороскопски знак?

Elena

Беа во брак едвај три дена: Бившиот маж на Бритни „упадна“ на нејзината венчавка

Elena

Популарниот Џастин Бибер отворено прозборе за сериозната болест: Ги откажал сите настапи

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com