Ден

Невремето и неодржувањето причина за паѓањето на таванот, смета Јакимовски

радоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски изутрината беше на увид во просториите на градинката „Мајски цвет“, клон „Јасмин“, во населбата Тафталиџе 2, каде во текот на викендот паднал таван од гипс картон во две простории, а во уште една е оштетен.

– Ја утврдуваме причината, Најверојатно се работи за технички проблем. Веројатно олуците не биле исчистени поради што дошло до нивно запушување. Имајќи предвид дека станува збор за скриен покрив, водата прелила преку олукот врз изолацијата која натежнала на плафонот од просторијата кој е изработен од гипс картон, изјави градоначалникот Јакимовски по извршениот увид.

При увидот, истовремено забележани се и некои технички пропусти при градбата на објектот. Од тие причини градоначалникот побара да се проверат проектите, понудата и завршните ситуации по што ќе бидат објавени дополнителни информации во врска со случајот, информираат од општината.

Поврзано

Промени во возниот ред на ЈСП за сабота: Од понеделник се вози по летен распоред

Elena

Малолетен пешак тешко повреден во сообраќајка

Elena

Без вода дел од корисниците од скопската населба Бутел

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com