Дел од човечки труп и облека биле пронајдени во ливада во атарот на селото Конопница, Кривопаланечко.
Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка, а по наредба на Јавен обвинител ќе биде извршена обдукција, велат од МВР.
Засега нема податоци дали се работи за кривично дело или несреќен случај.