Ден

Популарниот Џастин Бибер отворено прозборе за сериозната болест: Ги откажал сите настапи

Миленикот на неколку генерации, Џастин Бибер, откри дека има Ремзи-Хантов синдром, кој се манифестира со делумна парализа на лицето. Најчесто зафатена е едната половина од лицето.

Ремзи-Хант синдромот, е вирусна инфекција на геникулатниот ганглион, фацијалниот нерв, што се јавува кога инфекцијата со херпес зостер влијае на фацијалниот нерв.

Канадскиот пејач им објасни на обожавателите во видеоснимката на Јутјуб дека вирусот нападнал нерв во неговото уво, нервите на лицето и довел до парализа на лицето.

Ремзи-Хантов синдромот е ретко невролошко нарушување кое се појавува кога вирусот варичела-зостер инфицира нерв во главата во близина на внатрешното уво. Откако ќе прележате мали сипаници како дете или херпес зостер како возрасна личност, вирусот може да мирува во телото.

Не е познато зошто вирусот повторно се активира и доведува до Ремзи-Хантов синдром.

Дијагнозата се поставува врз основа на клиничката слика, клинички преглед, рендген, отолошки преглед, серолошки тестови (ELISA и вирусна изолација во ткивна култура).

Поврзано

Се сеќавате ли на виралниот фустан? Сега оваа комода го подели светот!

Elena

Ќерката на Чолиќ украла 20.000 евра, а причината ќе ве остави без зборови

Elena

Храна која може да ги уништи забите

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com