Ден

Пред 79 години загина Кочо Рацин

На 13 јуни 1943 година, на Лопушник беше погубен големиот Кочо Рацин.

Сè уште не се разјаснети сите подробности околу неговата смрт, поради што постојат сомневања дека бил убиен. Посмртните останки на поетот денес се наоѓаат во Спомен-костурницата во Велес, каде се наоѓаат и посмртните останки од неговите загинати соборци и другари.

Рацин бил смртоносно застрелан ноќе, кога се враќал од печатницата на партизаните. Бил застрелан од чуварот на патот, Мино Миновски. Една од верзиите е дека било несреќен случај, бидејќи Рацин бил наглув и не слушнал кога барале идентификација од него, но постои и претпоставка дека бил намерно убиен од својот пријател, поради внатрешни несогласувања и инструкции на други припадници на партизанскиот одред.

По убиството на Кочо Рацин, неговите посмртни останки биле веднаш закопани на Лопушник, на местото на убиство. По две години, неговата мајка и блиските другари го пронашле гробот и посмртните останки ги пренесле во црквата „Св. Пантелејмон“ во Велес. Тука почивал триесет години, а потоа, по план на Сојузот на борците во Велес, коските на Кочи Рацин повторно се откопани и во метално мало ковчеже биле поставени во Споменот-костурница во Велес, заедно со останатите негови другари и борци.[

Поврзано

ЗНМ, СЕММ, ССНM: Владата со народни пари фаворизира одредени медиуми

admin

Германија ќе си ја модернизира војската

admin

Седум лица уапсени, полицијата им нашла дрога

admin
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com