Ден

Се користат A, B, C, D и F, но дали знаете зошто не се користи буквата Е како оценка?

Ако сте оделе на курс по англиски или кој и да е друг јазик, сигурно сте научиле дека за разлика од бројчаните оценки од 1 до 5, или пак од 6 до 10 на факултет (5 во студирањето е паднат испит), се користат ознаките од абецедата A, B, C, D и F, со тоа што A е еквивалентно на 5, B на 4 и така натаму…

Забележувате дека меѓу D и F недостига буквата Е. Всушност, Е се користела како најниска оценка, еквивалентна на 1, но системот морало да биде променет поради погрешното интерпретирање. Многу родители сметале дека Е значи excellent (одлично).

Поради тоа, направени се одредени измени на скалата на оценување. Во почетокот на воведувањето на овој систем, Е значело дека студентот го поминал испитот „на граница“ од паѓање, додека пак со F се бележело паѓање (failed). Сепак, со одредени промени, за да нема забуни, новиот систем ја исклучил буквата Е, со што денеска ја добиваме познатата скала A, B, C, D, кои се соодветни оценки на знаењето и секако F, што значи дека ученикот добил недоволен (1) или паднал на испит.

Поврзано

Се сеќавате ли на виралниот фустан? Сега оваа комода го подели светот!

Elena

Хороскопски знаци кои љубовта нема да ги промени никогаш

Elena

Дали печурките треба да се мијат пред приготвување?

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com