На Фејсбук повторно се шират лажни наградни игри, во кои се злоупотребуваат брендови или популарни личности, со цел да се натераат граѓаните да се регистрираат на сомнителни линкови и да ги внесуваат личните податоци, вклучително и нивните платежни картички.
Проблемот е што, дури и покрај минатите искуства со КАМ (во поштенско сандаче), ДМ-дрогериите, Макпетрол, а сега и Техномаркет, луѓето и понатаму наседнуваат. Објавата на лажната страница на Техномаркет веќе има над 5000 споделувања и над 3000 коментари.
Од вистинската страница на Техномаркет веќе се одградија од оваа лажна наградна игра.
И ние им порачуваме на граѓаните да не наседуваат на овие лажни повици и никако да не ги оставаат своите податоци на интернет.