Ден

Починат човек пронајден во стан во Кисела Вода

Министерството за внатрешни работи (МВР) објави дека починат маж вчера попладне е пронајден во стан во Кисела Вода.

Од МВР велат дека лицето е пронајдено починато во сопствениот стан, а случајот бил пријавен во 18.45 часот.

Полицијата утврди дека станува збор за 73-годишниот Г.И. од Скопје.

„Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид извршила екипа од Полициската станица Кисела Вода и Јавен обвинител, по чија наредба телото било дадено на обдукција“, велат од МВР.

Поврзано

ССМ и денеска на протест пред Собранието

Elena

Мисовски избран за лидер на НСДП по тензичен конгрес

admin

Двајца гинеколози од Битола запоставиле родилка: Задоцниле со царскиот рез дури пет часа

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com