Ден

Бритни го одврза јазикот: Го криеја кафето од мене, ме повредија на многу нивоа

Популарната ѕвезда одлучи дека засекогаш ќе расчисти со своето семејство, вклучувајќи ги и сестра ѝ и брат ѝ.

Бритни неодамна се венчаше со Сем, а никој од членовите на семејството не беше поканет, бидејќи тие се на нејзиниот список на непожелни личности. Неодамна во тој список го додаде и брат ѝ Брајан.

„Не беше поканет на мојата венчавка. Дали навистина мислиш дека сакам да дојде брат ми кој не ми дозволи да се напијам едно виски четири години. Ако мислевте дека ќе дојдете и сите заедно да глумиме фини – ти, онаа Лин Спирс, а и мама, а го криевте и кафето од мене – се лажете. Ме повредивте многупати, на многу нивоа“, напиша Бритни на Инстаграм.

Брајан од 2013 до 2017 беше задолжен да ја контролира Бритни деноноќно.

„Можеби ќе се натерам да испијам една чашка. Ќе погледнам во небото и ќе ви речам да се е***е. Крвта не е вода, ама ниедно семејство не го прави она што вие ми го направивте мене“, вели таа.

Во документарецот, Бритни откри дека целото семејство се занимавало со нејзината кариера, бидејќи тоа им бил колективен начин на заработка. Во даден момент одржувала концерти и снимала песни кои не ги сакала.

Поврзано

Бријаторе позираше во прегратките на бившите девојки во Монте Карло

Elena

Наташа се разголе во Тетово, друштво ѝ правеше и еден Македонец

Elena

Дали навистина можеме целосно да го исфрлиме лебот од исхраната?

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com