Ден

Дали печурките треба да се мијат пред приготвување?

Печурките обично имаат видлива нечистотија на себе, па секогаш првата помисла е дека тие треба да се измијат… Сепак, готвачите се поделени околу тоа.

Во некои готварски училишта, миењето печурки под млаз вода се смета за „грев“. Имено, така наводно, може да впијат вода и да ја изгубат и онаа зеленкаста боја којашто прво „го заситува окото“, но и вкусот. Затоа, младите готвачи честопати учат да користат влажна хартиена крпа и нежно да ја бришат нечистотијата од печурките.

Ценетиот автор Харолд Мекги во својата книга од 1990 година – „Занимливо готвење: Кујнска наука и сознанија“ преку експеримент на миење и натопување на печурките открива дека водата едвај се апсорбира во печурките. Тоа значи дека не е толку грев да се мијат и во вода.

Без разлика на различните мислења, несомнено е дека печурките мора да се исчистат пред готвење, на еден или друг начин. Како зеленчукот, така и печурките може да имаат бактерии кои можат да доведат до болести, па затоа е важно да се измијат, но и да се исушат потоа.

Поврзано

Карлеуша закрепнува по белодробната болест: 20 дена била во болница

Elena

Ова е бившата на Ноле, која заработува и до 30.000 евра од настап

Elena

Уште еден оскаровец уапсен за сексуално злоставување

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com