Ден

Двајца гинеколози од Битола запоставиле родилка: Задоцниле со царскиот рез дури пет часа

Oбвинителството во Битола поднесе обвинение против две лица за тешки дела против здравјето на луѓето.

„Обвинетите, како лекари специјалисти по гинекологија и акушерство вработени во ЈЗУ Клиничка болница ‘Д-р Трифун Пановски’ – Битола, несовесно постапувале при укажување лекарска помош – породување на пациентка родилка од селото Смилево, општина Демир Хисар, поради што настапила смрт на новороденчето“, информираат од Обвинителството.

Родилката била примена за породување на 12.10.2019 година околу 17:00 часот во Одделот за гинекологија и акушерство при Клиничка болница Битола, каде дежурни лекари биле обвинетите. Тие не ја следеле и навремено не ги регистрирале промените во здравствената состојба кај родилката. Иако сите промени во здравствената состојба на родилката претставувале апсолутен показател дека здравјето и животот на плодот е во опасност поради недоволен доток на кислород, што, пак, претставува индикација за итен царски рез, обвинетите лекари не ја презеле оваа интервенција благовремено.

Поради продолженото породување и доцнењето од најмалку пет часа од појавата на индикациите за итен царски рез, интензитетот на страдањето кај плодот се зголемувал. Интервенцијата кај родилката била извршена околу 6:30 часот на 13.10.2019 година, при што се родил плод – женско дете со родилна тежина од 3.550 грама и должина од 48 сантиметри во многу лоша состојба, кое починало за кратко време по породувањето поради кислородното страдање во утробата.​

Поврзано

Приближување на ставовите со Бугарија има, решението сепак е далеку

admin

Приведени 3 лица за предизвикување на општа опасност, одредена мерка притвор

admin

Скок од 2,4 отсто на БДП во првиот квартал од годинава

admin
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com