Ден

Кавадарчани не ја сакаат Карлеуша, Јанчев ги послуша

Јелена Карлеуша требаше да настапи на Тиквешки гроздобер, но очигледно, тоа не им се допадна на кавадарчани. Од самиот момент кога беше најавено нејзиното гостување, па се досега, реакциите беа само негативни.

Градоначалникот Јанчев, по тој повод, соопшти дека српската ѕвезда сепак нема да настапи и дека договорот ќе биде откажан.

„Овие денови ја објавивме целосната програма за ‘Тиквешкиот гроздобер’ 2022 година. По пауза од две години, сакаме да продолжиме онаму каде што застанавме. А бевме на добар пат кон најдобрите културно – музички фестивали во државата.

Општина Кавадарци во последните години е препознатлива и докажана по транспарентното работење. По објавената музичка програма наидовме на голем број негативни коментари и негодувања за музичката ѕвезда Јелена Карлеуша која е предвидена за настап на 11 септември како главна музичка атракција за овогодинешниот гроздобер.

Нам секогаш ни е најважно вашето мислење, драги кавадарчани. Па затоа настапот на оваа музичка ѕвезда е откажан а во моментот се преговара со останати музички ѕвезди со кои можеме да го договориме дадениот датум“, напиша Јанчев на Фејсбук.

Поврзано

Мона Лиза доби торта – револтиран посетител ја „нападна“ Ѓоконда (ФОТО)

Elena

Ќерката на Чолиќ украла 20.000 евра, а причината ќе ве остави без зборови

Elena

Како најбезбедно да се сончате на плажа?

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com