Ден

Канадскиот премиер Трудо вторпат позитивен на Ковид-19

Канадскиот премиер Џастин Трудо по вторпат е позитивен на Ковид-19, неколку дена по средбата со американскиот претседател Џозеф Бајден, објави бриселскиот портал „Политико“.

„Ќе ги следам упатствата на здравствените експерти и ќе се изолирам. Се чувствувам добро, но тоа е затоа што ги добив вакцините“, напиша Трудо преку Твитер.

Канадскиот премиер е вакциниран трипати. Во јануари годинава ја прими бустер-дозата, за истиот месец да биде позитивен на тестот за Ковид-19.

Информацијата дека Трудо е позитивен на Ковид-19 е објавена веднаш по неговото враќање од Лос Анџелес каде што минатата седмица имаше средби со лидерите на Самитот на двете Америки, како и средба со Бајден во четвртокот.

Поврзано

Словачка ќе добива руска нафта до соодветна алтернатива

admin

Грција бара од ЕУ веднаш да почнат пристапните преговори со Македонија

admin

Во Атина се одржа масовна Парада на гордоста

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com