Ден

Ким Кардашијан уништи парче историја: Фустанот на Мерилин Монро „се распаѓа“ откако старлетата го носеше

Ким Кардашијан на Мет-галата се појави во легендарниот фустан на Мерилин Монро, кој познатата актерка го порачала за себе, за настапот пред Кенеди. Таа барала фустан кој ќе стане легенда, но ќе биде уникатен и препознатлив само за неа.

Овој дизајн е дел од приватната колекција на музејот „Рипли“ и засега никој не знае колку пари платила Ким Кардашијан за да може да го изнајми и носи. Познатата старлета е позната по своите облини, но изјави дека слабеела со месеци претходно, за да може да го носи фустанот.

Но, бидејќи се работи за нешто што е направено многу одамна и е музејски експонант, сосема е нормално квалитетот на ткаенината да е променет во текот на годините. Но, Мерилин исто така била ситна и не било проблем нејзините облини да влезат во тој фустан.

На Твитер профилот „The Marilyn Diaries“ е објавена фотографија на која се гледа дека работ кај патентот е оштетен, а фалат и неколку од циркон-камењата.

Поврзано

Кавадарчани не ја сакаат Карлеуша, Јанчев ги послуша

Elena

Ќерката на Чолиќ украла 20.000 евра, а причината ќе ве остави без зборови

Elena

Познатата водителка искрено за болеста: Секоја операција носи ризик, но мора да застанете пред непријателот

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com