Македонецот З.Љ. (48) утрово со „Audi Q7“ слетал во река во Добој. Тој не е повреден, но засега не се ни познати околностите под кои се случила оваа сообраќајна несреќа.
Како што пишува Српскаинфо, тој по несреќата излегол од автомобилот и се качил на покривот и чекал помош. Со чамец му помогнале полицајци, кои потоа го пренеле до брегот.
Портпаролот на оваа Управа, Драгана Керкез изјави дека утрово околу 9.30 часот во Костајница кај Добој се случила сообраќајна несреќа кога автомобил излетал од патот кон реката Босна, пишува Српскаинфо.
– Возилото го управувал З.Љ. од Македонија. Во извлекувањето на возачите учествувале полициски службеници од Полициската станица за безбедност во сообраќајот Добој и припадници на Територијалната противпожарна единица Добој – појасни Керкез.
Таа додаде дека тој превентивно бил испратен на преглед во Здравствениот дом Добој.
Увид извршиле полициски службеници од Полициската станица за безбедност во сообраќајот Добој.