Ден

Напаѓачи на полицајци испратени на психијатриско лекување

За двајца жители на тетовско Гајре кои вчера нападнале полицајци определени се мерки притвор и психијатриско лекување, информираат од СВР Тетово откако денеска до Основното јавно обвинителство Тетово поднеле кривична пријава против А.М.(40) и Л.М.(39).

Со кривичната пријава двајцата биле изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово, кој на А.М. му определил мерка притвор од осум дена, додека на Л.М. мерка за безбедност- задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа.

-Двајцата од тетовско Гајре се пријавени поради основи на сомнение дека сториле кривични дела: напад на службено лице при вршење работи на безбедноста, казниво по член 383 став 2 од Кривичниот законик и противправно лишување од слобода согласно член 140 став 1 од Кривичниот законик, а Л.М. и за кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи” казниво по член 396 од Кривичен законик, информираат од СВР Тетово.

Четириесетгодишникот кој доби притвор ќе биде спроведен во КПУ Затвор „Скопје“ во Скопје за издржување на мерката. Двајцата се приведени вчера откако жители на Гајре и Шипковица ги пријавиле за напад, изнуда и кражба.

Поврзано

Захарова за Трета светска војна: Дали можеби веќе почна?

admin

Утрово за влез во Грција се чека по половина час

admin

Пред 79 години загина Кочо Рацин

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com