Ден

Ограничени маржи на основните прехранбени производи: До кога ќе важи оваа одлука?

Владата на Република Северна Македонија на денешната 52 седница донесе Одлука за посебни услови за трговијата на одделни стоки, со која се определува највисоката трговска маржа на основните прехранбени производи во трговијата на големо и на мало, соопшти владината прес-служба.

Со оваа одлука, која е донесена по претходна консултација со бизнис заедницата и во координација со надлежните институции и која започнува да се применува од утре, за леб бел-сечен на парчиња или цел, за шеќер бел како и за сончогледово масло за јадење, со исклучок на ладно цеденото, се утврдува трговска маржа во висина до 5% во трговијата на големо и до 5% во трговијата на мало.

За брашно од пченица – тип 400 и тип 500, за макарони и шпагети од тврда пченица, македонски бел ориз, за трајното кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% и за јајца од кокошка, за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец се утврдува трговска маржа во висина до 10% во трговијата на големо и до 10% во трговијата на мало.

Според оваа одлука, за овие производи нема да се пресметуваат оперативни трошоци и не се одобрува рабат и надоместоци кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо за рекламирање и за изложување на стоките на рафтови во примарни и секундарни позиции.

Оваа одлука на Владата за замрзнување на маржата на одредени производи со цел ограничување на растот на цените, која има за цел да го заштити стандардот на граѓаните, е со важност до 30 септември 2022 година, со можност да продолжи до крајот на годината доколку условите на пазарот со цените тоа го бара.

Поврзано

ПОЦ казни скоро 200 возачи за една недела

Elena

Светот се подготвува за нов ковид-бран, во Македонија над 2000 активни случаи

Elena

Остатоци од човечки труп пронајдени во кривопаланечко

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com