Ден

Тешка сообраќајка во Охрид, еден загинат

На 15.06.2022 околу 02.30 часот, во СВР Охрид пријавено е дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу селата Климештани и Ботун, општина Дебарца, случена е сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Бмв” со струшки регистарски ознаки, управувано од М.М.(21) од Струга и патничко возило „Ауди” со охридски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Д.(62) од селото Ботун.

Од здобиените повреди на местото починал Ѓ.Д., а М.М. се здобил со телесни повреди, констатирани во Општа болница Охрид. Увид на местото на настанот извршиле екипа на СВР Охрид и Јавен обвинител, по чија наредба врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

Поврзано

Пред 79 години загина Кочо Рацин

Elena

Мисовски избран за лидер на НСДП по тензичен конгрес

admin

Велешанец тешко повреден во сообраќајка на автопат

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com