Ден

Петков: Ќе го прифатиме францускиот предлог, а после тоа паѓаме и продолжуваме

„Ќе го прифатиме францускиот предлог, а после тоа паѓаме и продолжуваме“. Вака бугарскиот премиер Кирил Петков пред министрите од неговата влада ја соопштил одлуката, да се прифати францускиот предлог за да се крене ветото за Македонија, а зад него, како што кажал тој, стојат францускиот претседател Емануел Маркон и германскиот канцелар Олаф Шолц.

Но, денеска во Собранието му се случува преврат – Опозицијата со 125 пратеници го разреши претседателот на Народното собрание, Никола Минчев, со што на власта и остануваат 115 пратеници, или 6 помалку од она што и треба за мнозинство. Додека се случуваат политичките драми, францускиот предлог патува во Бугарија, но и во сите земји членки на ЕУ. Се очекува и утре, пратениците во бугарскиот парламент да го видат предлогот.

Токму прашањето за Македонија ја разниша владата на Бугарија – „Има таков народ“ на Слави Трифунов излезе од мнозинството поради економијата, но и со обвинување, дека Петков водел двојна политика за македонскиот спор.

Петков пак, чие мнозинство беше неизвесно до самото гласање, посочи дека секој предлог на европските партнери кој се однесува на Македонија ќе оди пред комисијата за надворешна политика во Собранието, а опозицијата веднаш го обвини за национално предавство.

За францускиот предлог пак, се знае малку, односно само дека за Македонија е важно билатералните прашања да останат надвор од преговарачката рамка, а за Бугарија е битно да има гаранции на она што би значело договор меѓу двете земји.

Поврзано

Уставните судии ја одбија иницијативата на Зендели на Левица

admin

Шестмина во притвор и еден одземен пасош во случајот со распродажбата на земјиште преку ЕВН

admin

Скопјанец паднал во Вардар во близина на МКЦ

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com