Актерот Езра Милер, кој го глуми Флеш во филмовите на Ди-си Комикс, како да исчезна од лицето на земјата по обвиненијата дека киднапирал тинејџерка и ѝ го перел мозокот.
Филмот „Флеш“ беше најавен за 2023, но судбината е веќе неизвесна. Милер неколкупати беше фатен како насилно се пресметува со луѓе, ги напаѓа, а од Ворнер Брос веќе размислуваат да го прекинат неговиот договор и да најдат нов актер да го глуми Бери Ален.
Полицијата се уште не може да му влезе во трага на актерот, кој веќе е обвинет дека ментално и физички злоставувал малолетна девојка, а потоа ја навел да прифати секс со него. Ова траело најмалку шест години, убедувајќи ја девојката која сега има 18 години, дека е дел од некаков култ.
Минатата недела Милер објави неколку провокативни фотографии на Инстаграм, со кои им оставаше траги на следбениците, но и ги провоцираше полицајците дека никогаш нема да го фатат, потсетувајќи ги дека тој е Флеш и може да биде во повеќе универзуми наеднаш.