Ден

Дизелот поскапува од полноќ: Еве што ќе се случи со цената на бензинот

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за два денара по литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,37 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 109,5 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе се продава за 111,5, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 113,5, Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 105 денари за литар, а Мазутот М-1 НС за 56,317 денари за килограм.

Како причина за зголемената цена на дизелот од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светскиот пазар кај дизелот во просек за 1,078 отсто и намалените кај бензините во просек за 2,407 отсто, како и за околу 1,488 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Поврзано

Летонија и Литванија побараа посилно воено присуство на НАТО

admin

Црвенковски: Договорот со Бугарија за „заедничка историја“ беше голема грешка

admin

Блокада на влез и излез од Скопје кај Автокоманда – ССМ излезе на најавениот штрајк

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com