Ден

„Калцоне“ – една од најпрепорачаните пици во Италија

При патување во Италија, се подразбира дека треба да се проба пица или некои од другите тестенини својствени за италијанската кујна. Меѓу најпознатите во Италија се „Неаполската“ и „Римската пица“.

Имено, токму во Неапол во 17. и 18. век била направена првата пица, првично како храна за сиромашните семејства. Во своите почетоци, пицата се состоела од тесто, зачини, маслиново масло и домати, а подоцна почнале да се додава и Моцарела-сирење, направено од биволско млеко.

А пак, еден од најпрепорачаните ресторани во Рим е пицеријата „Ди Матео“ – основана од едно наполитанско семејство далечната 1936 година. Тука, на менито може да се најдат десетици видови пици, а по специјалитетот „Калцоне“ местото е можеби и најпрепознатливо.

Пицата е со феферони, мортадела, ф’стаци, моцарела од биволско млеко и вкусна рикота. Цената се движи меѓу 10 и 13 евра.

Поврзано

Јадете чоколадо без грижа на совест: Ова е причина за уште повеќе да го засакате

Elena

Овие лични детали за себе никогаш не откривајте ги пред колегите

Elena

Се продава куќата во која заедно живееја Џони Деп и Амбер Херд

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com