Ден

Пронајдена дрога во угостителски објекти во Скопје, приведени седум лица

Полицијата синоќа изврши контроли во повеќе угостителски објекти и прегледи на повеќе лица, при што кај седум лица од Скопје, Косово и Норвешка биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја, и тие биле лишени од слобода.

– Ноќта 16-ти кон 17-ти јуни, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршиле контроли во повеќе угостителски објекти и прегледи на повеќе лица. Притоа, кај седум лица од Скопје, Косово и Норвешка биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја, и тие биле лишени од слобода, соопшти МВР.

Кај А.Д.(23), А.Д.(31) и Т.И.(28), сите од Скопје, била пронајдена бела прашкаста материја, додека кај С.Ј.(20) од Скопје, В.З.(35) од Косово, Г.М.(37) од Скопје и А.К.К.(45) од Кралството Норвешка била пронајдена марихуана.

Лицата биле приведени и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Поврзано

Ковачевски: Ги реализираме ветувањата, политиките на раст на платите и на животниот стандард продолжуваат

admin

Блокада на влез и излез од Скопје кај Автокоманда – ССМ излезе на најавениот штрајк

Elena

Шолц бара реформи во ЕУ за правилата за гласање

admin
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com