Ден

Што има во францускиот предлог за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија?

Владите на Македонија и Бугарија подолго време не можат да постигнат договор за решавање на билатералните спорови. Често, пракса е да се вклучи трета страна и да даде неутрален предлог, кој парламентите и владите на засегнатите страни можат да го прифатат, одбијат или да го користат како основа за решение.

Таков е и т.н. француски предлог, за кој многу се зборува во последно време.

Бура реакции предизвика именувањето на македонскиот јазик, но може да се види од самите документи дека продолжува да се користи придавката „македонски“.

Северна Македонија ќе треба да се обврзе да го смени Уставот во брз рок за да ги внесе Бугарите во Преамбулата, а потоа и да донесе Акциски план за заштита на нивните права, за да ги започне пристапните преговори со ЕУ, се наведува во францускиот предлог кој е доставен до Софија. Официјално Скопје, барем засега, тврди дека до нив не стигнал овој документ.

Според бугарскиот премиер Кирил Петков, предлогот е веднаш испратен до бугарското собрание, каде ќе се одлучува за сите прашања во контекст на спорот со Македонија.

Повеќе може да прочитате на Дојче Веле.

 

Поврзано

Матурантите денеска го полагаат вториот екстерен предмет

Elena

Наместо на односите со Македонија, Генчовска фокусирана на опожарениот клуб „Ванчо Михајлов“

admin

Божиновски: Вештачењето за „Талир 2“ е направено незаконски

admin
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com